News Трибина по повод 77 години од Кристалната ноќ и меѓународен ден за борба против фашизмот и антисемитизмот

Трибина по повод 77 години од Кристалната ноќ и меѓународен ден за борба против фашизмот и антисемитизмот

There are no translations available.

Како дел од регионалната програма „Лица на отпорот на опресијата во 20 век во Европа“ на 09 ноември 2015 година во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија се одржa трибина за одбележување 77 години од Кристалната ноќ. На трибината говорea претставници од Меморијалниот центар на холокаустот, Институтот за национална историја и здружението Мировна акција.

Трибината беше во организација на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија и здружението „Мировна акција“ од Прилеп. Со одбележувањето на овој датум, даваме придонес кон незаборавот на овој трагичен настан од 20 век, кој мора да остане опомена за целото човештво и никогаш повеќе да не се повтори.

Истовремено одбележување на Кристалната ноќ имаше и во Загреб, Белград, Подгорица, Љубљана и Удине во организација на организации од програмата „Лица на отпорот“.

info