News Отворена изложбата „Сеќавањата што ме прогонуваат“ од Мати Грунберг

Отворена изложбата „Сеќавањата што ме прогонуваат“ од Мати Грунберг

There are no translations available.

На 10 март 2016 година во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија беше свечено отворена изложбата „Сеќавањата што ме прогонуваат“ од Мати Грумберг од Израел.

Отворањето на изложбата беше дел од комеморативната програма за одбележување на 73 години од холокаустот на 7144 македонски Евреи, што секоја година е во организација на Еврејската заедница во Република Македонија и Меморијалниот центар на холоакустот на Евреите од Македонија.

Авторот на изложбата „Сеќавања што ме прогонуваат“, Мати Грумберг е роден во Скопје, 04.03.1943 година, а во 1948 година емигрирал во Израел. Дипломирал на Академијата за уметност и дизајн „Бецалел“ во Ерусалим во 1966 година, а 1972 година продолжува со постдипломски студии по графички уметности на Централната школа за уметност и дизајн во Лондон. Бил личен асистент на уметникот Менаша Кадишман. Творец е на многубројни уметнички дела. Добитник е на награди во Париз и Виена. Имал свои самостојни изложби, но учествувал и во групни изложби во светот, како Париз, Виена, Лондон, Њу Јорк.

Изложбата „Сеќавања што ме прогонуваат“ Мати ја посветува на семејствата на неговите родители,  Камхи и Грумберг, кои загинале за време на Холокаустот. Оваа изложба претставува негово живо сеќавање на ужасот и кошмарните соништа во кои бил фаќан и испитуван од Германците.

Како млад човек, секогаш го прогонувало сеќавањето на неговите родители и нивното искуство. Никогаш не можел да знае кога ќе го навјаса лош спомен....

Делата кои ја сочинуваат оваа изложба, ги изработил уште пред многу години со кои ја изразува неговата траума од холокаустот и сега, точно 73 години по неговото раѓање, овие дела ќе бидат исложени токму во месото каде што е роден, Скопје.

Неговата лична приказна започнува кон крајот на месец февруари 1943 година, кога неговите родители Бела Камхи и Лео Гримберг и неговата баба, заминале од Скопје и се населиле во едно од околните села, како би можела Бела да има полесно породување. Така, на 04.03.1943 година се родил Мати, поточно Матитјаху, што значи „божји дар“.

На почетокот на 1943 година, Германците им наредиле на Бугарите да ги соберат сите македонски Евреи од Битола, Штип и Скопје. На 11 март 1943 година, Евреите од Скопје биле собрани и донесени во Монополот, низ кој поминувала железничка пруга. Потоа, сите биле испратени во логорот на смртта, Треблинка, во окупирана Полска, за никогаш повеќе да не се вратат...

Од семејствата Камхи и Гринберг преживеале само оние кои успеале да заминат пред 11 март.

Раѓањето на Мати ги спасило животите на неговите родители и баба. Најверојатно тој е последното еврејско дете родено во Македонија, кое преживеало.

Израснал во засолниште. Куќата во која се криел со своите родители и баба се наоѓала близу до патот по кој поминувале германските трупи. Кога ќе се наближела опасност, родителите брзале да го сокријат на таванот.

По завршување на војната, семејството се вратило во Скопје, а во 1948 година заминале за Израел.

info