News Се одржа четвртиот годишен меѓународен семинар за професори

Се одржа четвртиот годишен меѓународен семинар за професори

There are no translations available.

Во периодот од 06-08 мај 2016 година во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија се одржа четвртиот годишен  меѓународен семинар за наставници и професори од основните и средните училишта во Македонија, Словенија, Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска под наслов „ Историјата на Евреите на Балканот и дигитално раскажување приказни” во соработка со институтот за еврејска историја Центропа од Австрија. На семинарот земаа учество 42 професори.

Едукативниот семинар се реализира со поддршка од Claims Conference, Амбасадата на Соединетите американски држави и Амбасадата на Австрија, Министерството за образование и наука на Република Македонија и Бирото за развој на образование во Р. Македонија.

На семинарот наставниците имаа можност да дојдат до нови сознанија, алатки и практики за имплементација на холокауст едукацијата во училиштата, и воедно нивно вмрежување за размена на искуства и соработка при изработка на проекти за холокаустот во соработка со Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија и Институтот за еврејска историја Центропа од Австрија.

Целокупната програма која вклучуваше и средби со претставници од образовните институции од различни држави и размената на искуства придонесуваат да се подобри изучувањето на холокаустот во образовниот систем во Република Македонија.

info